Утрово околу 7.10 часот се случила сообраќајна незгода на крстосницата од булувер Партизански одреди со 8 Септември помеѓу патничко возило „мини купер“ со скопски регистарски таблички и товарно возило комби „мерцедес“.
Во незгодата, како што потврдија за МИА од МВР, има повредени лица и сè уште се врши увид.
Телевизија Сител јави дека во сообраќајката тешко се повредени девојка и момче.