ТЕШКА СООБРАЌАЈКА КАЈ ВРАЊЕ Загина македонски државјанин

Според неофицијални информации на српските медиуми автомобилот со регистерски таблички од Македонија излетал од патот и удрил во насип.

1,072

Македонски државјанин загинал во тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера вечерта на улицата „Партизански пат“ во Врање, јавија српски медиуми.

Од полицијата велат дека сè уште не се познати околностите под кои дошло до несреќата. Според неофицијални информации на српските медиуми автомобилот со регистерски таблички од Македонија излетал од патот и удрил во насип. Еден пациент загинал, а еден е згрижен на Итна медицинска помош во Врање.

Поврзани содржини