ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ Работник тешко повреден пред Филхармонијата

44-годишен маж бил донесен во болница со сериозни повреди додека извршувал работни задачи пред објектот на Македонската филхармонија, трудова инспекција го испитува случајот

291

44-годишен работник од скопското село Никиштане е пренесен во болница со тешки повреди откако се повредил за време на извршување работни задачи пред објектот на Македонската филхармонија во центарот на Скопје.

Инцидентот се случил вчера околу 08:40 часот, кога од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ ја известиле полицијата дека кај нив е донесен повредениот Р.Ј. (44).






Според првичните информации, мажот се здобил со сериозни телесни повреди додека работел пред зградата на Филхармонијата, по што бил итно хоспитализиран.

Од полицијата велат дека случајот е пријавен и дека за настанот е известен надлежен трудов инспектор, кој треба да утврди дали биле почитувани сите безбедносни протоколи при извршувањето на работните задачи.

Поврзани содржини