(OБНОВЕНО) ПЕТ ЛИЦА СЕ ПОВРЕДЕНИ ВО СООБРАЌАЈКАТА КАЈ КРУПИШТЕ Полицијата врши увид, едно лице е починато
Во моментов на местото на настанот се крим-полиција, јавен обвинител и пожарникари кои интервенираат за вадење на повредените лица од автомобилите.
Според првичните информации едно лице е починато, други петорица се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случила на магистралниот пат Штип – Кочани меѓу селата Долни Балван и Крупиште.
Според надлежните, до несреќата дошло меѓу судир на две возила, што се случил во 14 часот и 50 минути.
Во моментов на местото на настанот се крим-полиција, јавен обвинител и пожарникари кои интервенираат за вадење на повредените лица од автомобилите.
Како што информираат од Автомото сојузот, во моментот затворен е патот меѓу селата Долни Балван и Крупиште и сообраќајот се одвива по другите алтернативни патишта.
– По дојава од страна на СВР-Штип беше побарано и интервениравме со едно возило и пет пожарникари. Страотна сообраќајка, во која во едното возило имаше четири тешко повредени лица,а во другото возило едно починато лице. Од страна на Противпожарната единица беше извршена акција на едно од возилата и извлековме четири повредени лица – вели Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев.
Портпаролката на Клиничката болница-Штип, Марина Шуманска вели дека во болницата се хоспитализирани вкупно пет лица, со тешки повреди, кои се прегледани на ортопед, а во моментов им се прават дополнителни прегледи и снимање, за што подетално ќе се знае нивната здравствена состојба. Според првичните информации, повредените патници се работници, кои се враќале од работа.