ТЕШКА НЕСРЕЌА НА МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА БРИГАДА Малолетник удри 57-годишен пешак, повредениот заврши на Клиника

Несреќата се случила доцна навечер, а повредениот пешак е хоспитализиран со тешки повреди.

100

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Скопје, кога 16-годишно момче, управувајќи автомобил, удрило во пешак кој се здобил со сериозни повреди.

Несреќата била пријавена околу 22:30 часот на улицата Македонско-косовска бригада. Малолетникот, кој управувал „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички, удрил во 57-годишниот М.И. од Скопје.






Од ударот, пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му е укажана лекарска помош.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Скопје, а по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини