ТЕШКА И ИСЦРПУВАЧКА ВОЈНА Борбите во Украина долго ќе траат

Знаеме дека тоа што се случува на преговарачката маса е тесно поврзано со ситуацијата на теренот, на бојното поле, посочи Столтенберг.

179

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека сојузниците на Украина мора да се подготват за „тешка исцрпувачка војна“.

– Мораме да бидеме подготвени за војна на долг рок. Бидејќи она што го гледаме е дека оваа војна сега стана исцрпувачка војна – изјави Столтенберг по средбата со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа.






Тој додаде дека и војната во Украина на крај ќе заврши на преговарачка маса.

– Но, знаеме дека тоа што се случува на преговарачката маса е тесно поврзано со ситуацијата на теренот, на бојното поле – посочи Столтенберг.

Поврзани содржини