ТЕШКА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО ТУРЦИЈА Загинаа 12 лица, 19 патници се повредени

Автобусот сообраќал на релацијата од Сивас за Истанбул. Сивас е на околу 240 километри од Јозгат.

159

12 лица загинаа, а 19 се повредени во тешката сообраќајна несреќа кога автобус излетал од патот во Турција.

Возачот на автобусот изгубил контрола над возилото, кое преминало на спротивната лента и слетало во ендек во близина на градот Јозгат – соопшти гувернерот Мехмет Али Озкан.






Автобусот сообраќал на релацијата од Сивас за Истанбул. Сивас е на околу 240 километри од Јозгат.

Според првичните информации за несреќата, 11 лица загинале на лице место, додека едно лице починало во болница.

Повредените се хоспитализирани, а едно лице е во тешка состојба.

Поврзани содржини