📽 ТЕШКА АВТОБУСКА НЕСРЕЌА ВО ШПАНИЈА Автобус се преврте на влез во тунел, 45 лица се повредени
Несреќата на автобусот кој превезувал текстилни работници се случила во местото Пинеда де Мар на 73 километри од Барселона, тројца патници во критична состојба
Автобус со работници на Индитекс се заглавил во сообраќајна несреќа на влезот во тунел во речиси вертикална положба кај местото Пинеда де Мар, 73 километри од Барселона. Во несреќата се повредени 45 лица, известија локалните служби.
Автобусот со 47 патници патувал од Барселона до градот Тордера во североисточниот регион на Каталонија, каде сопственикот на модниот бренд Зара има фабрика. Несреќата, чија причина полицијата во моментов ја истражува, се случила во 8 часот и 45 минути.
Actualització del balanç de ferits de l’accident d’autobús a la C-32, segons el SEM:
– tres persones en estat crític
– sis en estat greu
– tres en estat menys greu
– 33 ateses al pavelló municipal de Pineda de Mar https://t.co/KLwK4HoDld https://t.co/KLwK4HoDld— 324.cat (@324cat) July 16, 2024
На десетици повредени лица им била укажана помош во близина или се префрлени во околните здравствени центри.
Тројца патници во критична состојба со хеликоптер се пренесени во болница. Пожарникарите истакнаа дека извлекувањето на патниците било тешко бидејќи автобусот останал заглавен во речиси вертикална положба потпрен на окното на тунелот. Возачот последен бил извлечен од превртениот автобус.
Се чини дека автобусот се излизгал од патот, удрил во работ на тунелот и се превртел. Според досегашните информации, во несреќата не учествувало друго возило.