Терористот кој обезглави наставник: Убив едно од кучињата од пеколот кој се осуди да го понижи Мухамед
По убиството на наставникот во Париз од терористот Абдула Анзоров се открива дека во неговиот мобилен телефон е пронајдена порака со која ја презема одговорноста за грозоморната егзекуција, заедно со фотографија од одсечената глава на жртвата. Анзоров пораката со фотографијата, ја објавил на Твитер, на својот профил под името Ал Ансар, термин од Куранот за пријателите и помагачите на пророкот Мухамед, пренесува хрватски Индекс.
– Убив едно од кучиеата од пеколот кој се осуди да го понижува Мухамед – напиша чеченскиот терорист со грозоморна фотографија, неколку минути по убиството, пренесува Асосиед Прес.
Твитер во меѓувреме го суспендирал неговиот профил.