📽 ТЕРОРИСТИТЕ ПРЕГАЗИЛЕ 8-ГОДИШНО МОМЧЕ Потресно сведоштво на човек што го преживеал масакрот во Москва
Кога почна пукањето, успеавме брзо да излеземе од салата. И само што ми се појави во глава помислата дека сме безбедни, видов автомобил Рено како со полна брзина оди кон нас и намерно налетува на нашиот син и го соборува - раскажува таткото на момчето.
Терористите со автомобил прегазиле 8-годишно момче кога бегале по нападот на концертната сала „Крокус Сити Хол“ во Москва.
Во потресното сведоштво по страшниот масакр, Игор, татко на повреденото дете Иља, вели дека на концертот отишле со целото семејство – тој, сопругата, 11-годишната ќерка и 8-годишниот син.
Moscow shooting 🔫.
May the souls of the departed rest in peace.#MoscowAttack #MoscowUnderAttack #MoscowConcertHall pic.twitter.com/m25UjCKueW— Lifeissues11 (@AGINAS) March 23, 2024
– Кога почна пукањето, успеавме брзо да излеземе од салата. Најпрво сакавме да се скриеме во тоалетот, но се предомисливме во последен момент. Сега сфаќаме дека ова беше вистинската одлука. Внимателно го изведов семејството надвор од зградата, истрчавме на улица…И само што ми се појави во глава помислата дека сме безбедни, го видовме истиот тој автомобил Рено како со полна брзина оди кон нас и намерно налетува на нашиот син и го соборува – раскажува таткото на момчето.
🚨Breaking NewsRUSSIA: Moscow concert hall death toll has reached 133#Moscou #MoscowAttack #Moskau #Russia #Moscow #MoscowTerrorAttack #ISIS pic.twitter.com/hqiyIr2EmX
— Maaz Malik (@maazverse) March 23, 2024
За малку целото семејство ќе настадало под тркалата на автомобилот со кој терористите се обидувале да избегаат по масакрот во концертната сала.
– Автомобилот странично ме удри мене и ќерка ми и добивме помали модринки. Мојот син се здоби со трауматска повреда на мозокот, скршена клучна коска и скршен колк. Лекарите засега не даваат никакви прогнози…- вели таткото на повреденото момче.
Двајца од напаѓачите набрзо се уапсени по бркотница со автомобил, додека други двајца се фатени во шумата.