ТЕРОРИСТИТЕ ОД ХАМАС СЕКСУАЛНО СЕ ИЗЖИВУВАЛЕ ВРЗ ЖРТВИТЕ Гутереш бара темелна истрага на злосторствата

Првиот човек на ООН информираше дека има бројни извештаи за сексуално насилство за време на „одвратните акти на терор од страна на Хамас на 7 октомври“ во кои беа убиени повеќе од 1.200 и киднапирани околу 240 луѓе.

1,423

Сексуалното насилство за време на минатомесечните напади на Хамас мора енергично да се истражи и кривично да се гони, истакна денеска пред Советот за безбедност на ОН генералниот секретар на светската организација Антонио Гутереш.

Тој информираше дека има бројни извештаи за сексуално насилство за време на „одвратните акти на терор од страна на Хамас на 7 октомври“ во кои беа повредени илјадници, убиени повеќе од 1.200 луѓе и киднапирани околу 240 луѓе.






Говорејќи за преостанатите заложници кои се држат во Газа, Гутереш рече дека сите тие „мора веднаш и безусловно да бидат ослободени“.

– Дотогаш, со нив мора да се постапува хумано и на Меѓународниот комитет на Црвениот крст мора да му се дозволи да ги посети – истакна шефот на ООН.

 

Поврзани содржини