Терористи обезглавија 50 луѓе на фудбалско игралиште во Мозамбик
Во провинцијата Кабо Делгаде судирите со екстремистичката група траат неколку денови.
Исламски терористи обезглавија 50 луѓе во северниот дел на Мозамбик, објавија локалните медиуми.
Група екстремисти, поврзани со Исламистичка држава, отвориле оган врз жителите на неколку села, а потоа преживеаните ги одвеле во фудбалското игралиште во селото Муатиде, каде ги обезглавиле.
Во провинцијата Кабо Делгаде судирите со екстремистичката група траат неколку денови.