ТЕРМИНОТ „ШПИЦЕН ГРАДОНАЧАЛНИК“ НИШТО НЕ ЗНАЧИ Силјановска-Давкова вели дека треба да се размислува пред да се зборува
Терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав. Градоначалничката може да биде шпицна на себе. Тоа за мене е некоја aлузија, глупо поглупо, најглупо. Тоа ништо не значи. Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисл, рече Силјановска-Давкова.
Гордана Силјановска-Давкова, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ и некогашна кандидатка за претседател на Македонија го критикуваше терминот „шпицен градоначалник“ кој често го употребува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Во своето излагање во Собранието, Давкова рече дека терминот во суштина ништо не значи.
– Терминот „шпицен градоначалник“ е многу глупав. Градоначалничката може да биде шпицна на себе. Тоа за мене е некоја aлузија, глупо поглупо, најглупо. Тоа ништо не значи. Човек пред да употреби нешто, треба добро да размисли – рече Силјановска-Давкова.