„Терминаторот“ од самоизолација порачува: Слушајте експерти, игнорирајте морони! ВИДЕО

361

„Останете дома колку што е можно повеќе“, апелира холивудскиот актер Арнолд Шварценегер до луѓето за да се заштитат од коронавирусот.

Како што е познато, во светот завладеа пандемија на коронавирус. Властите ширум светот апелираат луѓето што повеќе да останат дома.

Во ова се приклучил и славниот актер Арнолд Шварценегер.

Славниот „Терминатор“ одлучил да остане дома, во самоизолација, за да се заштити од коронавирусот.

Друштво во домашниот карантин му прават домашните миленици, пони и магаре.

„Останете дома колку е можно повеќе. Слушајте ги експертите, игнорирајте ги мороните. Ќе поминеме низ ова заедно“, напишал Шварценегер.

Тој нагласил дека особено старите луѓе не треба да излегуваат надвор, а своите миленици ги хранел со моркови и ги галел.

 






Поврзани содржини