ТЕРМИН ЗА ПАСОШ ПО ИТНА ПОСТАПКА СЕГА СЕ ДОБИВА ЗА 1 ДЕН Министерот Тошковски објави дека е направен ред во фотографирањето
Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или за наредниот ден“, објави Тошковски на својот профил на Фејсбук.
За еден ден може да се добие термин за фотографирање за вадење пасош по итна постапка, објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.
„Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или за наредниот ден. Продолжуваме понатаму!“, објави Тошковски на својот профил на Фејсбук.