ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА НА 86-ОТ РОДЕНДЕН ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА Паднав, силно се удрив, не ми е до прослави
Не ми е важно каде сум. Денес сум, утре не. Не ја ни запознав мајка ми, таа ме роди и брзо умре. За мене е смешно да славам роденден, рекла хрватската дива за хрватските медиуми.
Хрватската пејачка Тереза Кесовија денеска наполни 86 години, но за жал, овој роденден нема да може да го прослави бидејќи е во болница.
Пејачката со уморен глас едвај успеала да каже неколку зборови за „Нет.хр“.
Секогаш полна со оптимизам, Кесовија звучела депресивно на својот роденден.
– Не ми е важно каде сум. Денес сум, утре не. Не ја ни запознав мајка ми, таа ме роди и брзо умре. За мене е смешно да славам роденден – рекла таа.
Пејачката и минатата година не се чувствуваше добро, по што поради последици од срцев удар беше префрлена во болница. Нејзината здравствена состојба ја загрижи нејзината бројна публика, но Тереза не сака да зборува за здравствените проблеми.