Легендарната хрватска пејачка Тереза Кесовија (82) е активна на Инстаграм и речиси секој ден, на радост на своите бројни обожаватели, обjавува по некоја фотографија.
Овој пат ги развеселила објавувајќи фотографии од одморот на кои покажала како се релаксира во морето, но и во базенот испружена на душек-фотеља.
„Од фотеља во фотелја… Ако постои Рај на земјата, тогаш јас сум сега во Рајот“, напишала таа покрај фотографиите, но не открила каде точно се наоѓа; само ставила хаштаг Далмација.
Фановите ѝ оставија бројни коментари, а некои заклучија дека со задоволство би ги замениле местата со неа.
„Уживајте наша мила Тере, поздрав“, „Му благодарам на Бог за тоа, и јас би сакала“, „Уживај наша Тере во Рајот на земјата, ти благодарам од срце за објавата, ни го разубавивте денот“, „Кралице“, продолжиле коментарите.
ФОТО: Инстаграм