ТЕРЕЗА КЕСОВИЈА МОЛИ ЗА ПОМОШ Во потрага е по овој млад брачен пар (ФОТО)

Хрватската музичка дива за овој свој потег има посебна причина.

2,736

Хрватската музичка дива Тереза Кесовија на својот инстаграм-профил ги замолила следбениците да ѝ помогнат во потрагата по младиот брачен пар и за тоа имала посебна причина.

„Драги мои пријатели и следбеници на Инстаграм, треба што побрзо да стапам во контакт со оваа млада брачна двојка, ми се чини дека се од Макарска“, започнала Кесовија.






„Случајно ги сретнав во првите денови од јануари годинава на калливиот пат, во разорената од земјотресот Бановина, каде несебично му помагаа на премрзнатото и исплашено население.

„Ако некој од југот на земјата ги препознае, ве молам известете ми или преку порака или преку е-пошта. Ова, имено, е единствениот начин да се обидам да дојдам до нив, а нивната приказна и ден-денеска ми ја враќа вербата во човекот“, заклучила таа.

Коментаторите не го кријат своето воодушевување од нејзиниот потег.

„Тереза ​​има океанско срце“, „Најголемата царица“, „Кога желбата е силна, сигурно се постигнува целта“, се нижеле коментарите.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини