Во Националниот план за имунизација против ковид-19, предвидена е т.н. теренска вакцинација, наменета за руралните средини и за домовите за стари лица, со цел здравствената услуга да им се приближи на граѓаните, изјави претседателката на Комитетот за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, во вечерашното гостување на „Топ тема“ на телевизијата „Телма“.
– Неслучајно ја избравме постоечката мрежа за имунизација, затоа што видовме дека кај редовната вакцинација, вака поставената инфраструктура, функционира. Ние и тековно имаме т.н. теренска вакцинација, не само во руралните места туку и во старските домови, каде што услугата треба да се доближи до пациентот. Овие лица, кои влегуваат во ризичната популација, односно во приоритетната група, која ќе биде опфатена, ќе бидат контактирани – изјави Грозданова, која рече дека очекува во оваа активност да се вклучат и матичните лекари.
Таа потенцира дека со националниот план е предвидено вакцинацијата против Ковид-19 да биде достапна до сите