„ТЕРАПИЈАТА ЗА ХАШИМОТО НЕ МИ ПОМОГНА, АМА СИ ГО НАЈДОВ ЛЕКОТ“ Жена го сменила начинот на исхрана и на живот по препорака од ајурведски лекар
За неколку секунди ми ги кажа сите мои заболувања од минатото и сегашноста, како некој да му имаше раскажано сѐ за мојата здравствена историја пред да влезам кај него, раскажува нашата соговорничка Драгица Манојловска за прегледот кај ајурведскиот лекар кој ѝ помогнал да ги реши своите проблеми поврзани со дијагнозата на Хашимото
Нашата соговорничка Драгица Манојловска од Куманово која боледува од автоимуната болест Хашимото – болест на тироидната жлезда проследена со хипотироидизам, а како последица на тоа долги години ја измачувала и хипертензија со тахикардии, иако со првична недоверба, на крајот си го нашла лекот кај ајурведски лекар. Тој ѝ препорачал промена на начинот на исхрана и воопшто, на стилот на живот.

Дијагнозата на Драгица ѝ била поставена пред повеќе од 15 години и ѝ била препишана терапија со еутирокс и лекови за регулирање на притисокот и тахикардијата. Терапијата ја земала редовно, но сепак не се чувствувала подобро, односно заморот, ненаспаноста, губењето на волјата за активности и благата анксиозност биле нејзини секојдневни симптоми.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.