Сода-бикарбоната има голема примена во медицината, а истата се покажала многу ефикасна и во борбата против кашлицата и проблемите со дишните органи.
Најдобриот начин е секако инхалацијата со сода-бикарбона, а оваа терапија ја препорачуваат и некои пулмолози.
Еве како дејствува содата на организмот:
Инхалацијата со сода-бикарбона ја навлажнува слузницата и на тој начин го омекнува слузот и помага во негово полесно исфрлување.
Кога микроорганизмите ќе навлезат во дишните патишта, се јавува кашлица како рефлекс за заштита на телото. Кашлицата се развива кога ќе дојде до иритација на нервните рецептори.
Со оваа намирница која сигурно веќе ја имате во својот дом можете да го излекувате болното грло, затнатиот нос, да ја ублажите кашлицата и да ги прочистите дишните патишта.
Кога ќе почувствувате болка во грлото, подгответе смеса за плакнење:
Една лажичка сода-бикарбона ставете во чаша со зовриена вода. Грлото се плакне до пет пати дневно со ваквиот раствор. За ублажување на кашлица, ставете една лажичка сода во чаша зовриено млеко и испијте го пред спиењето.
Кај кашлицата помага инхалација
Се користи една лажичка сода на литар топла вода. Ставете ја врелата мешавина во метален сад, покријте ја главата со крпа и длабоко дишете. Овој процес би требало да го повторувате секоја вечер пред спиење.