СВР Скопје поднесе кривична пријава против двајца малолетници од Скопје и еден малолетник од Тетово поради постоње основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. Пријавените, на 11.02.2024 во трговски центар во Скопје, поради претходно недоразбирање, физички нападнале друг малолетник и му нанеле повреди, соопштија од МВР.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против О.М.(28) од село Ново Село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ при семејно насилство и „загрозување на сигурноста“ при семејно насилство. На 13.11.2023 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата 25-годишна сопруга и ѝ нанел повреди.
На 26.02.2024 во 17.00 часот во СВР Скопје, З.С.(50) од Скопје пријавил дека околу 12.45 часот пред влезот на основно училиште во с.Бардовци, скопско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од двајца други ученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против А.Д.(34) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 11.02.2024 во Кичево, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против И.Б.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“. На 18.02.2024 пред угостителски објект во Скопје, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.