Тепачката, обидот за линч во Струмица, не е само инцидент, тоа е оглeдaло на нашиот морален пад!?

4,518

Група од 10 луѓе, крвнички тепаат еден човек, струмичани мирно гледаат сеир, никој не приоѓа да го спаси од разулавената толпа, а, сите ние, водиме дебата: дали, во овој национален срам, учествувал, или не, бодигардот на премиерот!?

Тоа е тој наш, заеднички, морален пад!!!






Едно лично искуство, од еден престој во САД. Нашинецот, роднина, ми вели: знаеш ли која е разликата мегу овде и таму кај нас?

И објаснува: додека живеевме таму, вели, кога ќе ѕвонеше ѕвончето, сите трчавме, се натпреварувавме, кој побрзо да ја отвори вратата.

А, овде, додава, сите се стегаме – кој последен да ја прими таа неблагодарна задача.

Е, сега, да дообјаснам: тоа беше малку постаро време, кога имавме саглам држава. Таа навистина се викаше Југославија, ама, ние, и тогаш живеевме во своја држава – република, која се викаше Република Македонија.

Ете, поминаа само 3 децении, а ние ги надминавме дури и Американците – по зло!!!

Тепачката, обидот за линч во Струмица, не е само инцидент, тоа е огладелао на нашиот морален пад!?

Ја знаете веќе досетката, односно предупредувањето, на германскиот учен за првите појавни облици на национал – социјализмот, односно фашизмот: “кога ќе дојде редот на мене и мене ќе нема кој да ми помогне!?

Фб – статус на авторот.

Поврзани содржини