Тепачка за паркинг место на Максим Горки, станарите обесправени

Се молат Град Скопје и ЈП Градски паркинг да го запрат секојдневното тормозење на станарите од улицата Максим Горки.

14,106

Две институции плаќаме за да ги сервисираат нашите потреби и да ги уредуваат состојбите, а ниту една не се грижи за нашите права.

Се молат Град Скопје и ЈП Градски паркинг да го запрат секојдневното тормозење на станарите од улицата Максим Горки.






За да печали Градски паркинг, станарите се принудени да живеат во постојан стрес, барајќи со часови паркинг место за своите возила, а неретко и да бидат изложени на закани со насилство.

Едно е јасно како ден: Не може Градски паркинг да печали од нашите станарски паркинг места, а ние да немаме каде да паркираме.

Има добри примери низ Скопје каде е дозволено паркирање само за резидентите. Ова не е таков случај.

Како функционери, вие сте поставени на места кои треба да ни обезбедат ред и благосостојба, а не да нė принудувате секојдневно да се претвораме во ѕверови, расправајќи се за паркинг место со соседите, со таксистите, со пајак службата и со оние со дебели вратови кои се спремни да ве здробат за паркинг место. Не може, наместо цивилизирано уредени односи, проблемите да ги решаваме според тоа кој е повеќе уличар или агресивец.

Патем, целата состојба ескалираше до зовривање по забраната за паркирање на Даме Груев и на паркингот зад Домот на гадежници, кога вкупниот притисок се пренасочи и сите коли од таму се префрлија на ова уличе. Друга расправа е колку дозволи за паркирање се издадени под рака, а тоа никој не го санкционира.

Ете, тоа сакам да ви кажам во очи локалните избори, а се надевам ве интересира. Дека, нели, вие сте таму во служба на нас граѓаните.

(ФБ статус на авторката, насловот е редакциски)

Поврзани содржини