ТЕПАЧКА ВО ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ Две жени меѓусебно се пријавиле во полиција

Двете жени тврдат дека биле нападнати, а полицијата утврдува што точно се случило во трговскиот центар.

1,190

Физичка пресметка меѓу две жени се случила вчера напладне во трговски центар на подрачјето на Центар во Скопје, по што двете учеснички меѓусебно се пријавиле во полиција.

Според информациите од СВР Скопје, инцидентот се случил околу 12:20 часот, кога 41-годишната С.К.П. пријавила дека била физички нападната од 56-годишната М.Д. Додека траел инцидентот, со М.Д. имало и машко лице кое, како што е пријавено, ја снимало ситуацијата со мобилен телефон.






Подоцна, и 56-годишната М.Д. поднела пријава, во која навела дека таа била физички нападната од С.К.П.

Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности околу инцидентот.

Поврзани содржини