ТЕПАЧКА ВО ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА Лекар и пациентка се обвинуваат меѓусебно
Двете страни со спротивни тврдења по инцидентот во болницата „Борка Талески“.
Инцидент меѓу лекар и пациентка се случил во прилепската болница „Борка Талески“, по што двете страни се пријавиле во полиција.
Настанот бил пријавен на 24 февруари околу 14:30 часот во ОВР Прилеп. Според пријавата, 31-годишниот лекар Н.Ј. тврди дека бил физички нападнат од пациентката В.Ј. (68) додека бил на работното место и дека таа го попречувала во извршување на службените задачи.
Истиот ден, и пациентката поднела пријава во полиција, наведувајќи дека таа била физички нападната од лекарот.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.