Тепачка во авион на летот Приштина-Базел (ВИДЕО)

Аеродромската полиција ја потврдила веста за тепачката за швајцарскиот дневен весник „Блик“. Според весникот, двајца мажи биле уапсени поради тепачката.

1,781

Во авион на летот од Приштина кон Базел, вчера попладне, дошло до тепачка меѓу патници, пренесува швајцарскиот портал на албански јазик „Кантон 27“.

Повозрасен маж се пресметувал со неколкумина патници и луто коментирал на албански јазик.
Патниците во авионот биле вознемирени, а од видеото може да се слушне и детски плач.






Тепачката продолжила и по слетувањето на аеродромот по што мажот бил уапсен од швајцарските власти.

Аеродромската полиција ја потврдила веста за тепачката за швајцарскиот дневен весник „Блик“. Според весникот, двајца мажи биле уапсени поради тепачката.

Поврзани содржини