ТЕПАЧКА СО ГАРАЖА НА ЈСП Со тврди предмети го нападнал колегата, трет ги раздвоил
Според пријавеното, напаѓачот бил спречен од страна на трет колега, Р.Г., кој во моментот бил присутен во работната просторија, заедно со друг вработен.
Вработен во ЈСП пријавил во полиција дека негов колега вчеравечер го нападнал во гаражата на јавното претпријатие, соопшти МВР.
– На 18.03.2022 во 21.45 часот Љ.М.(59) од Скопје, пријавил дека околу 12.30 часот во гаража на ЈСП-Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров додека извршувал работни активности во гаражата на ЈСП, каде бил вработен како бравар, бил нападнат со тврди предмети од страна на Д.А.(исто вработен во ЈСП) – стои во соопштението од МВР.
Според пријавеното, напаѓачот бил спречен од страна на трет колега, Р.Г., кој во моментот бил присутен во работната просторија, заедно со друг вработен.