ТЕПАЧКА НА УРГЕНТНО НА КЛИНИКА Нападнат бил вработен во Брза помош

Според пријавата поднесена од М.Д. (28) од Скопје, инцидентот се случил во просториите на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за време на извршување на неговите службени должности.

2,607

Синоќа, на 10 јуни, околу 23.00 часот, во СВР Скопје бил пријавен физички напад врз вработен во службата за Итна медицинска помош.

Според пријавата поднесена од М.Д. (28) од Скопје, инцидентот се случил во просториите на Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“, за време на извршување на неговите службени должности.






Напаѓачот, идентификуван како С.С. (64) од Скопје, бил придружник на пациент кој се наоѓал на лекување. Причините за нападот засега не се познати, а надлежните органи работат на целосно расчистување на случајот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосното документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок против напаѓачот.

Поврзани содржини