ТЕПАЧКА НА ТУРБО-ФОЛК КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА Летале боксови и клоци, а заиграле и ножеви

Интервенирала полицијата при што приведени биле С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола.

545

За време на концерт на српската турбо-фолкерка Теа Таировиќ, синоќа во Битола дошло до физичка пресметка меѓу две групи, во која биле повредени две малолетни лица и еден 19-годишник.

Во тепачката надвор од ракометното игралиште каде што се одржувал концертот бил употребен и остар предмет, а повредените завршиле со повреди и се пренесени во Клиничка болница Битола, а две од повредените лица со потешки повреди, од кои едното во критична состојба, како што дознава Макфакс, се пренесени на Клиниките во Скопје.






Тепачката била пријавена во полиција во 00.47 часот.

Интервенирала полицијата при што приведени биле С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола.

Поврзани содржини