ТЕПАЧКА НА ГРОБИШТА, УПОТРЕБЕНИ ГАСЕН ПИШТОЛ, НОЖ И БОКСИРАЧ Татко и двајца синови нападнале двајца вработени во „Бутел“

Работници на гробиштата биле нападнати со гасен пиштол и нож откако предупредиле дека ќе повикаат полиција.

729

Три лица се уапсени по нападот врз двајца вработени на гробиштата во Бутел, информира полицијата.

Според информациите, станува збор за 48-годишен маж и неговите двајца синови, кои биле приведени откако околу пладне нападнале двајца работници на АД Бутел во близина на гробиштата во Бутел.






Нападот се случил откако вработените ги забележале тројцата кај едно гробно место и, според пријавата, ги предупредиле дека ќе повикаат полиција бидејќи им биле познати од претходни кражби. Во тој момент тие биле нападнати со гасен пиштол, боксирач и нож.

Двајцата работници се здобиле со повреди и биле пренесени во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“, каде им била укажана лекарска помош.

– На 07.04.2026 во 13:40 и во 19.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.М.(48) и неговите синови Ј.М.(26) и Б.М.(27), сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 12:40 часот во близина на гробиштата Бутел ги нападнале Е.Д.(51) и М.Д.(54), вработени во АД „Бутел“, при што употребиле оружје – гасен пиштол и ладно оружје (боксирач и нож). Притоа, Е.Д. и М.Д. се здобиле со телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Св.Наум Охридски – информираат од МВР.

Од полицијата велат дека осомничените се приведени и задржани во полициска станица, а по целосното расчистување на случајот против нив ќе следува кривична пријава.

Поврзани содржини