ТЕНЗИИ НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО Во Северна Митровица влегоа 200 вооружени специјалци (ВИДЕО)

Косовската полиција наведува дека главните цели ѝ се одржување на јавниот ред и безбедноста, заштита на животите и имотот на сите граѓани без разлика на националноста, пренесува Коссев.

332

Повеќе од 200 вооружени специјалци на косовската полиција во придружба на оклопни возила влегоа вечерва од Јужна во Северна Митровица, јавува Косово онлајн.

Се тврди дека специјалците се распоредиле по градот и ја блокирале цела Северна Митровица. Припадниците на специјалната единица на косовската полиција фрлиле и две шок бомби. Според нив, таму се за да осигураат безбедност.






Граѓаните на Северна Митровица излегуваат на улиците. Состојбата е напната, но без инциденти.

Косовската полиција најави претходно дека во следните денови ќе го засили своето присуство на северот на државата. Косовската полиција наведува дека главните цели ѝ се одржување на јавниот ред и безбедноста, заштита на животите и имотот на сите граѓани без разлика на националноста, пренесува Коссев.

Во соопштението наведуваат дека имаат капацитет за управување и контрола на безбедносната ситуација и одржување на редот на цело Косово, како и за преземање дејства за спроведување на законите.

 

„Приоритет на полицијата на Косово е осигурување безбедност за сите граѓани, па, проценувајќи ја ситуацијата и актуелните настани во северните општини, полицијата во следните денови ќе го зголеми присуството на северот“, се додава во соопштението.

 

Поврзани содржини