ТЕНЗИИ И РАСКОЛ ВО СДСМ По Спасовски и Каевски, и Стефан Богоев ја напуштил седницата на Извршниот одбор
Актуелниот потпретседател на СДСМ и директор на царинската управа, Стефан Богоев, си заминал од седницата на Извршниот одбор на која се одредуваа пратеничките листи од СДСМ за претстојните парламентарни избори.
Расте тензијата во СДСМ по денешната седница на Извршниот одбор на која се одредуваа пратничките листи за претстојните парламентарни избори. Актуелниот потпретседател на СДСМ и директор на царинската управа, Стефан Богоев, си заминал од седницата, објави Курир.
Претходно седницата ја напуштиле и поранешниот премиер и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски како и портпаролот и актуелниот пратеник Дарко Каевски. Нешто подоцна Кавески во објава на Фејсбук демантираше дека тој ја напуштил седницата поради незадоволство.
Претходно Клан ТВ објави дека атмосферата на седницата на Извршниот одбор е многу тензична и има огромно незадоволство во рамките на СДСМ поради, како што велат, самоволието на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, и наметнувањето на листи на кои што нема голем дел од најистакните членови на СДСМ.