📽 ТЕНЗИИ И БОМБИ ВО СЕВЕРНО КОСОВО Поштата во Звечан беше цел на напад
Минатата недела бил поставен знакот на Косовската пошта во Звечан на овој објект. До мај 2024 година, во него функционирала Банка на Поштенската штедилница, која работела во рамки на системот на Србија.
Косовската полиција соопшти дека во зградата на Косовска пошта во Звечан експлодирала рачна бомба, додека, пак, друга била детонирана, објави Радио Слободна Европа.
Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион, Ветон Ељшани, за Радио Слободна Европа изјави дека нема повредени, но дека е причинета материјална штета.
Минатата недела бил поставен знакот на Косовската пошта во Звечан на овој објект. До мај 2024 година, во него функционирала Банка на Поштенската штедилница, која работела во рамки на системот на Србија.
Истиот знак на Косовска пошта бил поставен и во други општини со српско мнозинство во северно Косово, во зградите каде што работеле филијалите на Банка на Поштенската штедилница.
Косовските власти ги затворија оваа банка, Поштата на Србија и други институции, кои работат во системот на Србија, со образложение дека се нелегални, односно дека немаат дозвола за работа. Ова наиде на незадоволство од локалната српска заедница и на критики од меѓународната заедница.
Минатата година неколку експлозивни направи биле фрлени и врз косовски институции во општини во северно Косово, додека косовските власти оценија дека „криминалните и терористички напади“ имале за цел заплашување.