ТЕНЗИЧНО ВО УКРАИНА Од Американците е побарано да ја напуштат земјата

Напредните руски борбени авиони сега пристигнаа во Белорусија, северно од Украина. Пентагон е загрижен дека главниот град на Украина е „сега на удар“, додаде друг официјален претставник.

1,185

Следната недела, Стејт департментот, исто така, се очекува да ги охрабри Американците да почнат да ја напуштаат Украина со комерцијални летови, „додека тие сè уште се достапни“, рекол еден официјален претставник.

Амбасадата на САД во Украина вчера доцна навечер соопшти дека по наредба на претседателот Бајден пристигнала првата пратка муниција.






Американските власти велат дека муницијата го сочинува најголемиот дел од 200.000 долари од она што Стејт департментот го нарекува смртоносна помош – потребна на украинските војници на фронтот. Американските власти, исто така, изјавиле за Фокс дека на почетокот на следната недела се очекува да пристигнат противтенковски ракети „Џавелин“ од балтичките држави и од воените резерви на САД.

Напредните руски борбени авиони сега пристигнаа во Белорусија, северно од Украина. Пентагон е загрижен дека главниот град на Украина е „сега на удар“, додаде друг официјален претставник.

Американската влада планира да пренесе „тони“ оружје и муниција во Украина во наредните денови, велат властите.

Поврзани содржини