ТЕНЗИЧНО ВО ФАБРИКАТА КАДЕ СЕ ПРАВИ АЈФОН Кинеските работници се судрија со полицијата, има повредени (ВИДЕО)
Тајванската групација е најголемиот работодавец во приватниот сектор во Кина, со повеќе од еден милион вработени низ целата земја и околу триесет фабрики и истражувачки институти.
Во најголемата кинеска фабрика за „Ајфон” (iPhone) , што е во сопственост на тајванскиот подизведувач „Фокскон”(Foxconn), денеска се организираа демонстрации, што можеа да се видат од снимките објавени на социјалните мрежи Веибо и Твитер.
Сликите покажуваат голем број работници како шетаат по улица, а некои од нив стојат пред редот од лица во бели заштитни комбинезони и полицајци опремени за борба со демонстранти.
Работниците протестираат поради спорните договори и засилената контрола за Ковид-19.
Работниците извикуваа „Бранете ги нашите права” пред полициските кордони и полициско возило со вклучени ротирачки светла.
Фабриката се наоѓа до градот Џенгџу, во централната провинција Хенан.
Hundreds of workers at #Foxconn factory that makes #Apple main #China #iPhone plant [[clashed with security staff after being locked up for weeks to quash a #Covid outbreak]] pic.twitter.com/wtU6QLnrc4
— Weisel🇮🇳 (@weiselaqua) November 23, 2022
Во комплексот се вработени повеќе од 200.000 лица, од кои повеќето се наоѓаат во рамките на фабриката.
Фабриката во Џенгџу во последните месеци бележи зголемување на бројот на случаи на Ковид-19. Компанијата „Фокскон” одлучи да ја затвори фабриката и работници во неа поради избувнувањето на заразата, но стотици работници по донесената одлука побегнаа во паника од неа, кон крајот на минатиот месец.
Тајванската групација е најголемиот работодавец во приватниот сектор во Кина, со повеќе од еден милион вработени низ целата земја и околу триесет фабрики и истражувачки институти.
„Фокскон” засега не излез со соопштение за јавноста во врска со демонстрациите.