ТЕНЗИЧНО ВО БУГАРИЈА, БОРИСОВ МУ НАРЕДИ НА ПРЕМИЕРОТ ДА ГО ПОВЛЕЧЕ БУЏЕТОТ Илјадници граѓани ги блокираа пратениците
Немирите започнаа во 18 часот, а тензиите ескалираа кратко по 22 часот. Околу полноќ, протестот заврши, но со барање да продолжи. Некои од пратениците ја напуштија зградата на парламентот под полициска заштита.
Во Бугарија се случува политичка драма, откако илјадници граѓани синоќа во Софија протестираа против предлогот за буџетот за 2026 година и го опколија Парламентот, а денеска претседателот на ГЕРБ Бојко Борисов му нареди на премиерот Росен Жељасков, кој е од неговата партија, да го повлече буџетот, кој е прв во евра.
Незадоволство на граѓаните беше предизвикано од параметрите на буџетот.
– За разлика од другите луѓе, дури и ако едно лице протестира, ќе сакам да го слушнам тоа. Има логика во некои од барањата на демонстрантите – рече Борисов.
Колку пати ви кажав дека не ми се допаѓа овој буџет, додаде тој.
– И затоа за кратко време премиерот ќе ви каже што сум одлучил. Утрово го собрав домот, партиите што го поддржуваат, премиерот и министерот за финансии како носител на мандатот и им кажав дека овој буџет се повлекува. Додека не се договорат, ќе работиме со стариот буџет – рече Борисов.
Тој ја повика владата да најде „правна форма“ за повлекување на Буџетот за 2026 година, бидејќи тој сепак беше усвоен на прво читање во парламентот.
На прашањето што би се случило во оваа ситуација со бугарското влегување во еврозоната, Борисов одговори:
– Ако до Нова година не се усвои нов буџет, влегуваме во Еврозоната со 1/12 од стариот.
Според лидерот на ГЕРБ, „нема ништо фатално, нема никакво значење или проблем“ ако Бугарија влезе во еврозоната со буџетот за оваа година. Тој истакна дека лидерот на Продолжуваме со промената Асен Василев го сторил истото додека бил министер за финансии.
Надлежната парламентарна буџетска комисија ги усвои сметките за Фондот за здравство и државното социјално осигурување на второ читање. Седницата се одржа рано вчера, за да можат пратениците да ја избегнат блокадата на парламентот што им ја ветија организаторите на демонстрациите, Продолжуваме со промените – Демократска Бугарија. Плановите беа денеска да се усвои законот за државен буџет за 2026 година на второ читање.
Protests in downtown #Sofia as the coalition government tries to go through with a scandalous & populist budget for next year, that will cripple the private sector, embed political power over the security apparatus and place a 10bln$ debt on #Bulgaria. pic.twitter.com/ETYLmx8vtu
— Alexander Stoyanov (@Al_Stoyanov) November 26, 2025
Синоќа и по полноќ, десетици илјади луѓе протестираа во знак на протест против усвојувањето на нацрт-буџетот, на повик на партијата Продолжуваме со промените.
Собирањето на луѓето почна во раните попладневни часови, но навечер незадоволството избувна во поголема мера, а пратениците останаа блокирани. Како што пренесоа медиумите, демонстрантите ги блокираа сите влезови во парламентот и изградија импровизирана барикада од контејнери за ѓубре.
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, а софиската управа за внатрешни работи објави дека тројца полицајци се повредени.
Немирите започнаа во 18 часот, а тензиите ескалираа кратко по 22 часот. Околу полноќ, протестот заврши, но со барање да продолжи. Некои од пратениците ја напуштија зградата на парламентот под полициска заштита.
За време на протестот беа фрлени бројни стаклени и пластични шишиња, како и пиротехнички средства кон полицајците.
Лекари, државни службеници, работници во земјоделскиот и шумарскиот сектор на протестот побараа зголемување на платите. Во здравството бараат јасен механизам за распределба на дополнителните 260 милиони евра за плати. За време на паузата за ручек, работниците во агенциите за социјална помош, агенциите за вработување и во генералниот инспекторат за труд, вчера исто така, протестираа низ целата земја.
Картина от протеста на 26 ноември, който накара властта да оттегли бюджета
#България #протест #политика pic.twitter.com/Sgpx6Mx5W4
— Boulevard Bulgaria (@BLVDBG) November 27, 2025
Бугарскиот премиер Росен Жељазков соопшти дека буџетот се повлекува.
– Мојот повик до опозицијата е да покаже разум. Ќе седнеме на преговарачка маса, ќе се обидеме да го вратиме дијалогот со синдикатите и работодавачите и да постигнеме задоволителни макроекономски параметри за буџетот. Свесни сме дека сме во комплексно владејачко мнозинство, во кое постојат различни политички тенденции. Постојат многу социјални политики, а во исто време мора да направиме и сериозни реформи кои се во спротивност со претходните политики, особено во однос на приходите. Мора да ја најдеме златната средина и сигурен сум дека во разговор со работодавачите и со синдикатите, можеме да го постигнеме ова во декември. Во исто време, социјалната тензија бара конкретни и многу јасни одговори за тоа како да се зачува социјалниот мир – рече премиерот Жељазков.
Today, major protests erupted in Sofia against the adoption of Bulgaria’s 2026 state budget (criticized also by the EU).
The opposition coalition “We Continue the Change – Democratic Bulgaria” (PP-DB) organized a major demonstration that blocked traffic in the so-called… pic.twitter.com/S9yvsucB5K
— Ruslan Trad (@ruslantrad) November 26, 2025