Тензично на француската граница, изгладнетите возачи ја нападнаа полицијата, веќе ги има над 10.000 (ВИДЕО)

Пропуштањето оди пребавно, возачите минуваат низ процедура на брзи тестови која трае околу половина час, што значи дека со едно такво темпо ќе останат со денови заглавени на границата.

396

Француската влада донесе одлука Французите и граѓаните на Европската унија од денеска да можат да влегуваат во земјата, но со приложување на негативен тест на коронавирусот не постар од 72 часа.

Иако се очекуваше дека оваа одлука ќе ја смири драматичната ситуација на југот на Англија, изгладнетите возачи кои заглавија на температури под нулата, не се баш најсреќни од ова решение.






Пропуштањето оди пребавно, возачите минуваат низ процедура на брзи тестови која трае околу половина час, што значи дека со едно такво темпо ќе останат со денови заглавени на границата.

За влез во Франција веќе чекаат над 10.000 возачи, а некои од нив веќе четири дена седат во своите камиони и ги чекаат одлуките на француската влада која ги затвори границите со Велика Британија поради новиот вид на коронавирус кој се појави на Островот.

Меѓутоа ситуацијата ескалираше во утринава кога возачите започнаа да се групираат и да ја напаѓаат полицијата.

– Во секој случај, во подобра ситуација сме од вчера, барем границата е отворена. Меѓутоа, проблем е тестирањето. Англичаните велат дека можат да тестираат 6.000 луѓе дневно, но тоа е под знак прашалник. На патиштата и аеродромот „Менстон“ моментално има 10.000 камиони, а денеска се очекуваат уште 7.000. Значи, некои ќе заглават со денови – изјави Ралука Мариан од Меѓународната превозничка унија.

Британскиот министер за транспорт, Грант Шапс на „Твитер“ ги замоли возачите на камиони да не одат во Кент каде се најголеми колоните со камиони. Шапс порача дека „за два до три дена се ќе биде решено“.

Поврзани содржини