Тензично меѓу Левица и Алијанса: Кој кого „тормози“ во Собранието? ВИДЕО

На тензичната расправа, дел од пратениците на Алијанса и Алтернатива за Албанците, се заканија дека ќе биде прекинато излагањето на пратеникот Апасиев, вели Левица.

1,691

Левица испрати видео материјал од денешниот прекин на седницата на Комисијата за безбедност и одбрана, откако пратеникот Димитар Апасиев зеде збор.

На тензичната расправа во парламентот, дел од пратениците на Алијанса и Алтернатива за Албанците, се заканија дека ќе биде прекинато излагањето на пратеникот Апасиев, вели Левица.






„На заканите, пратеникот Апасиев возврати дека тој не чита поезија, за разлика од некои кои читаат и дека тој зборува на правни теми поврзани со државјанство. Во триесет години парламентарна демократија, ниту една влада не се осмелила да одземе збор на комисиска расправа. Димитар Апасиев објасни дека амандманите од страна на ВМРО-ДПМНЕ уште се во сила, бидејќи повлекувањето на амандманите е од координаторот Никола Мицевски, а не од секој пратеник поединечно кој ги поднесе
амандманите“, информира Левица.

 

Поврзани содржини