Тензично е во Собранието, Џафери збесна: Не јадам слама, не работам во кладилница!

Јас раководам со сериозна институција и не сум Фејсбук политичар. Работам според Деловникот и според правилата, рече собранискиот спикер.

3,055

Тензична е вечерва атмосферата во Собранието откако координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, истакна дека неговата пратеничка група нема да учествува на 32-та седница и побара да почне расправата по 36-та седница и да бидат донесени мерките.

По неговото процедурално излагање, собранискиот спикер Талат Џафери буквално збесна и му порача на Мицевски дека „три саати го тупи на говорницата“.






– Што мислите вие, јас јадам слама? Па јас раководам со сериозна институција, а не работам во кладилница. На што личи ова? Најпрво поднесувате 2.000 амандмани за Законот за државјанство, а сега ја напуштате салата. За што ли ве плаќаме? Поради што добивате патни трошоци? Излегол Мицевски на говорница и три саати го тупи. И ќе држам монолози колку што јас сакам. Јас раководам со сериозна институција и не сум Фејсбук политичар. Работам според Деловникот и според правилата – рече Џафери.

По ова, пратениците од власта започнаа да му аплаудираат на спикерот.

Поврзани содржини