ТЕНКА Е ГРАНИЦАТА ПОМЕЃУ ЗАШТИТУВАЊЕТО И ПРЕЗАШТИТУВАЊЕТО Мозокот на децата се развива во движење

Детето како биолошки организам мора да се развива, да излегува на дожд, ветер и сонце, па дури и да падне, можеби да си ги одере лактите и колената. Сепак, има родители кои не дозволуваат детето да падне. Токму тоа е презаштитување и тоа го кочи развојот на детето.

158

Д-р Ранко Рајовиќ е доктор, невроендокринолог, основач на Центарот Никола Тесла, одделот за млади таленти, ги постави темелите на НТЦ системот на креативно учење.

Според него, главни виновници за бесното и разгалено дете се родителите кои му дозволиле и му обезбедиле се, а како најголема грешка ја наведува презаштитеноста.






– Секако, родителите тоа го прават од најголема љубов, но мора да ја знаете границата меѓу заштитата и презаштитеноста – вели д-р Рајовиќ, инаку, еден од најголемите експерти за раниот развој на интелигенцијата кај децата.

Тој посочува дека е најважно родителите да им овозможат на децата нормално да се развиваат и да ги потиснат своите стравувања кои водат до прекумерна заштита на децата.

Детето како биолошки организам мора да се развива, да излегува на дожд, ветер и сонце, па дури и да падне, можеби да си ги одере лактите и колената.

Сепак, има родители кои не дозволуваат детето да падне. Токму тоа е презаштитување и тоа го кочи развојот на детето.

Тој особено подвлекува дека родителот едноставно не го развива биолошкиот потенцијал на детето.

 

Повеќе за ова на „Мајка и дете“.

Поврзани содржини