ТЕНИС ВО МИНИ ЗДОЛНИШТЕ Војвотката од Кембриџ ја изненади публиката (ФОТО)

И војвотката и тенисерката биле одлично расположени, а самите фотографии говорат дека и двете одлично се забавувале.

3,593

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, се појави на тенискиот терен во Лондон, каде што со победничката на Ју Ес Опен, Ема Радукану, одигра меч во парови. Изненадувачки за сите, таа на теренот се појави во спортска комбинација – тениски комплет составен од горна тренирка и мини здолниште.

И војвотката и тенисерката биле одлично расположени, а самите фотографии говорат дека и двете одлично се забавувале.






Инаку, Ема Радукану од потполно непозната тенисерка стана најголема сензација откако го освои турнирот Ју Ес Опен, а во финалето ја победи својата врсничка Лејла Фернандез од Канада.

Поврзани содржини