ТЕНДЕРОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА ПОНИШТЕН ПО ЖАЛБА Нов оглас следната недела, изведувачот ќе биде познат во јануари

Сега постапката ќе трае пократко бидејќи фазата на изработка на тендерот траеше околу дваесет дена. Овојпат нема забелешки, така што веднаш по завршувањето на законскиот рок од десет дена ќе го објавиме новиот повик. Очекувам до средината на јануари да го имаме изведувачот, изјави министерот за култура Зоран Љутков.

339

Тендерот за изведувач на реконструкцијата на Универзална сала не поминал, па Министерството за култура и туризам ќе мора да го распише одново. Според министерот Зоран Љутков, процесот ќе се одолговлечи најмалку уште два месеца, што значи дека нов изведувач ќе биде познат дури средината на јануари.

– За жал, добивме известување од Комисијата за жалби дека тендерот за Универзална сала не помина бидејќи имаше жалба во однос на изведувачот, кој беше единствениот понудувач. Според мене, проблемот не е суштински, но има известување и мораме да го почитуваме. Наредната недела повторно ќе го објавиме тендерот – изјави Љутков при посетата на Театар Комедија.






Министерот појасни дека новата постапка ќе биде пократка, бидејќи некои од фазите веќе се завршени.

– Сега постапката ќе трае пократко бидејќи фазата на изработка на тендерот траеше околу дваесет дена. Овојпат нема забелешки, така што веднаш по завршувањето на законскиот рок од десет дена ќе го објавиме новиот повик. Очекувам до средината на јануари да го имаме изведувачот – рече Љутков.

Министерството за култура и туризам претходно, на 18 октомври, соопшти дека е донесена одлука за избор на најповолен понудувач за проектот „Изведба на градежни и занаетчиски работи и ентериер на објект Универзална сала во Скопје – по принцип клуч на рака“.

Меѓутоа, поради жалба поднесена до Државната комисија за жалби по јавни набавки, постапката е вратена на повторно разгледување.

Поврзани содржини