ТЕНДЕРИТЕ БЕА ИДЕОЛОГИЈАТА НА СДСМ За Филипче и Заев ,,сè е под контрола“, значеше дека тендерите им се под контрола

Наместо да се оградат, СДСМ го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне, бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

0

СДСМ може да зборува за реформи и за европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична агенда. Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува – прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да го прикриеш првиот, обвини некој трет, изигрувај жртва.“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Така, во периодот 2019-2021 година, се додава, или во златната ера на тендерските шеми на Зоран Заев и на Венко Филипче, отпишани се 2.000 тони јачмен и пченица во вредност од околу 800.000 евра од стоковите резерви.

„Пченицата инаку била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура. За да се прикрие ова, се склучуваат два тендери за набавка на 20.000 тони со соседна држава за да се пополнат дупките во залихите. Заев, Филипче и Николовски ги убедуваа граѓаните дека сè е под контрола, дека сè функционира професионално, но за ова трио тоа значеше само дека внимателно си ги контролираат тендерите“, се вели во соопштението.

И сега, како може СДСМ да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се оградат, СДСМ го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини