🎥 ТЕНДЕР ОД 800.000 ЕВРА ЗА УЧЕБНИЦИ ЗА КОИ НЕМА НАСТАВНА ПРОГРАМА?! Да се лапало пари на заминување…

Иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии, обвинува Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

257

По јавната набавка вредна 500.000 евра на фирмата „ТРИМАКС“, за дигитални учебници кои никој не ги користеше, дали сега повторно, на истата фирма ѝ се доделени фантастични 800.000 евра?

Ова прашање на прес-конференција го постави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ, прецизирајќи дека со новата набавка повторно на истата фирма ѝ се доделуваат средства за дигитални учебници и тоа повторно за 4 одделение, кои веќе беа опфатени со претходната набавка.






– Молкот на МОН за скандалозните јавни набавки за дигитални учебници по странски јазици само го потврдува тоа што го зборуваме – поништуваат јавна набавка со банално образложение, а предвидуваат нова набавка вредна милиони –  истакна Митева.

Состојбата во Министерството за образаование и наука е алармантна, на само еден месец пред заминување од власт, ДУИ и СДС прават уште една јавна набавка, за дигитални учебници. Единствена разлика е што овој пат јавната набавка е за дигитални учебници за кои нема наставна програма. Односно, иако наставните програми за 7, 8 и 9 одделение не се објавени, иако учебници за овие одделенија не се направени, сепак се предвидени милионски суми за дигитални верзии.

– Бидејќи МОН молчи, прашуваме директно дали и овој тендер планираат да го поделат со истата фирма, или дали овој пат тоа планираат да го сторат со Арс Студио, фирмата која доби тендер за фантастични 5 милиони евра за превод на учебници? – рече Митева.

Поврзани содржини