ТЕМПИРАЈ ТАКА ДА ПРЕТРЧАШ НА ЦРВЕНО Колку пешаци вчера скршнале од пешачкиот?

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

709

Полицијата казнила 318 пешаци во текот на вчерашниот ден кога во периодот од 11 до 16 часот спровела засилена акциска контрола во целата земја.

Целта на акцијата била да се санкционираат прекршоци што ги прават пешаците. При тоа за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин се казнети 250 пешаци, а 44 за минување на црвено светло… Од нив 156 на територија на Скопје, 41 на територија на Битола, 31 на територија на Тетово… За време на контролата регистрирани се и 139 останати прекршоци.

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

Поврзани содржини