📷 ТЕМПЕРАТУРИ НАД 45 СТЕПЕНИ! Екстремни горештини во Мексико, десетици смртни случаи

48 лица починале, а 956 лица се лекувани од топлотен удар, дехидрација и изгореници од сонце од почетокот на жешката сезона со рекордно високи температури во Мексико.

317

Вкупно 48 лица починале за два месеци поради екстремни горештини во Мексико, а речиси половина од смртните случаи се регистрирани само во изминатата недела, соопшти мексиканското Министерство за здравство.

Вкупно 956 лица се лекувани од топлотен удар, дехидрација и изгореници од сонце од почетокот на жешката сезона во средината на март. Топлотниот удар беше најчеста причина за смрт.
Температурите во 27 од 32 држави во таа латиноамериканска земја во моментов се над 40 степени Целзиусови.






Во четвртокот температурите во северниот град Монклова во државата Коахуила достигнаа до рекордни 47 степени. Покрај тоа, во поголеми делови од земјата наврнаа помалку дожд од вообичаено за овој период од годината.

Поврзани содржини