ТЕМПЕРАТУРАТА ЌЕ СЕ ИСКАЧИ ДО 38 СТЕПЕНИ Попладне пороен дожд

1,353

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално процесите ќе бидат во форма на невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.






УВ индексот ќе биде 7, а максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд со грмежи и засилен ветер.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Поврзани содржини