ТЕМПЕРАТУРАТА ЌЕ ПАДНЕ ЗА 3 ДО 6 СТЕПЕНИ Од вторник и среда можни се услови за краткотраен дожд
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.
За денеска се најавува пад на дневната температура за 3 до 6 степени во однос на вчерашната. Во вторник и среда ќе има локално зголемување на облачноста со услови за појава на краткотраен дожд. Денеска и особено во вторник вдолж Повардарието ќе засилува северозападен ветер, соопшти УХМР.
Времето преку ден ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, а долж Повардарието краткотрајно засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 18 до 27 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 26 степени.