ТЕМПЕРАТУРАТА ЌЕ ОПАДНЕ ЗА 6 СТЕПЕНИ Доаѓа познатиот ноември

451

Под влијание на постудена воздушна маса од север денеска ќе има зголемена облачност, ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за 4 до 6 степени.






Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со значително пониска температура. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Во текот на следната работна седмица утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени, а дневните само на југот од државата ќе достигнуваат 20 степени.

Поврзани содржини